Американската раперка Доја Кат открила дека има коронавирус. Интересно е што пред неколку месеци таа рече дека воопшто не се плаши од него и дека станува збор „само за грип“.
“Јас имам коронавирус. Не знам како се случи тоа или како го добив, но го добив. Добро сум сега, имав симптоми четири дена. Полудев за тоа време. Сепак, сега сум подобро”, рекла раперката во видео интервју од изолацијата.
Пред неколку месеци, таа рече дека воопшто не се плаши од овој вирус.
“Ќе добијам корона, а потоа ќе ја испијам Корона.Ми се е** за коронавирус, тоа е само обичен грип. Зошто сите толку се плашите од корона? Земете некој лек, вода, чај и спијте. Толку сте исплашени од корона што ми треба едно пиво Корона“,зборувала таа во тоа време.
Меѓутоа, недолго после тоа таа морала да ја откаже турнејата поради пандемија на коронавирус.
https://www.instagram.com/p/B9f5KjqAS2-/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again