(ВИДЕО) Нов клип од „Лига на праведните“: Интернет полудел по Супермен во црн костум!

Зак Снајдер со фановите поделил нов трејлер…
За време на интернет-панелот на Конвенцијата за стрипови во Сан Диего, режисерот Зак Снајдер одлучил со фановите да сподели краток клип од својата нова верзија на „Лигата на праведните“.
Во клипот може да се види Супермен во црн костум, а обожавателите се воодушевени, сите социјални мрежи зујат околу овие информации. Во видеото, кое трае само неколку секунди, го гледаме Супермен како се сретнува со Алфред, игран од Џереми Ајронс. Ова укажува на тоа дека ќе видиме многу потемен Супермен, каков што никогаш не сме виделе во филмовите.

Потсетуваме дека фановите успеаја да ја објават верзијата на Зак Снајдер од филмот „Лига на праведните“, снимањето кое тој мораше да го напушти поради семејна трагедија. Фановите беа бесни затоа што крајниот производ значително се разликуваше од она што го видоа во трејлерот, дури беше очигледно дека некои сцени повторно се снимани. Тогаш се појави идејата дека верзијата на Зак Снајдер е многу подобра од пропаднатиот филм што го гледавме, а сега ќе имаме можност и самите да го видиме. Ќе се емитува следната година на платформата HBO Max.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на филмот „Македонски дел од пеколот“ вечерва во КИЦ

Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан …