Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал,го искористил слободниот ден на Роџерс купот да се опушти на концертот на Шакира во тој град.
Рафа, заедно со членовите на неговиот стручен штаб, тренерот Френсис Роиг и физиотерапевтот Рафаел Мајме, бил доста опуштен во „Скотијабанк арената“.
Надал и Шакира се одамна во одлични односи. Тие во 2010. година го снимиле дуетот „Гитана“ (Циганка), кој на Јутјуб имал повеќе од 100. милиони прегледи. Тие за спотот снимиле и „жешки сцени“ после што медиумите им припишале и’ љубовна врска.