(ФОТО) Доделувањето Оскари догодина ќе биде покусо: Воведуваат и’ нова категорија

Доделувањето на Оскарите, само во САД, во март оваа година, го следеле 26,5 милиони луѓе, во март оваа година, најмалку 90-годишната историја на доделување…


Оргнизаторите на доделувањето на Оскари во средата објавија дека ќе ја скратат наградата на максимум три часа за телевизиската програма во живо, и ќе воведат нова категорија – награда за најпопуларниот филм.
Во писмото до членовите, управниот одбор на директори на Американската академија за филмска уметност и наука, се вели дека некои од 24. Оскари ќе бидат доделени за време на паузата за реклами.


Промените, кои ќе бидат воведени на церемонијата во февруари 2019 година, се голема пресвртница во доделувањето на оваа најпрестижна награда во филмската индустрија, а се воведени после долгогодишниот пад на гледаноста.
Доделувањето на Оскарите, само во САД, во март оваа година, го следеле 26,5 милиони луѓе, во март оваа година, најмалку 90-годишната историја на доделување.


Во писмото не се вклучени детали за новата категорија што ќе се воведе за најпопуларен филм, ниту за категориите за кои наградите ќе бидат доделени за време на рекламит.
Доделувањето на Оскарите редовно трае речиси четири часа.
“Сакаме да направиме забавно шоу од три часа и Оскарите да ги направиме поприфатливи за нашите гледачи низ целиот свет”, рекле од одборот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …