Исмејувањето на Нејмар од социјалните мрежи преминало и на фудбалските терени. Една од најзабавните приказни од ова Светско првенство сигурно е случајот Нејмар.
Бразилецот толку не се прослави со своите игри и голови на СП колку со славното валкање по теренот, што не им „избегало“ на фановите ширум светот.
Можеби сме малку строги но бразилската ѕвезда од враќањето на теренот повеќе време минува на тревата отколку на две нозе. Неговите обожаватели го бранат, особено во Бразил, но сите знаеме дека пред четири години, го немаше во полуфиналето против Германија, бидејќи во четирифиналето Колумбиецот Зунига го повреди погодувајќи го со колено во грбот.
ПСЖ на него не можел да смета на реваншот против Реал во Лига на шампионите, а од таа повреда се опорави дури пред СП.
Бразилците од првата средба бараат судиите да им досудат прекршоци, а тоа најмногу се однесува на Нејмар, но впечаток е дека премногу глуми, додека неговото „валкање“ ги зарази социјалните мрежи.
Сега тоа се префрлило и на фудблските терени, каде децата изведуваат „Neymar Challenge“ или „Предизвикот на Нејмар“ и на знак сите паѓаат на тревата и почнуваат да се валкаат.
These kids have nailed the Neymar Challenge 😂
Gepostet von Grass Root Goals am Freitag, 6. Juli 2018