(ВИДЕО) Путин се согласил на интервју со слепо девојче: Погледнете што се случило!

По традиционалната голема годишна конференција за медиумите што се одржала вчера во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ѝ ја исполнил желбата на седумнаесетгодишната девојка Регина Парпиева која мечтаела да стане новинар и ѝ дал дваесетминутно интервју.

Путин, меѓу другото, искрено одговорил на прашањата за своето детство и желбите за Нова година. По завршеното интервју, откако си размениле подароци, таа посакала и првпат во животот да го „види“ претседателот, па го замолила Путин да му го опипа лицето. Путин се согласил, а Регина, откако со раката поминала по неговото лице и глава, му рекла „Вие сте многу убав и многу добар“, пишува Руска реч.
„Многу ви благодарам, многу ми е мило што го слушам тоа“, одговорил Путин.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …