(ВИДЕО) Прво место на „Невидлива топ листа“ за скопските „21 Век“

Македонската музичка група 21 Век е на прво место на хрватската топ листа наречена „Невидлива Топ Листа” со послендиот сингл „Чекам ко Куче”. „Невидлива Топ Листа” е организирана од страна на независниот музички портал RAVNO DO DNA. Се работи за уникатна колажна емисија која промовира нова регионална музика од независната сцена, како и вести и интервјуа со артисти од регионот.

21 Век е скопски бенд составен од тројца музичари познати на македонската независна сцена: Васко Атанасовски, Дени Крстев и Раде Јовановски. Во овој состав, на македонската сцена се активни од 2018 година, а оттогаш имаат издадено 3 албуми. Последниот албум „Си нацртав живот” доби одлични критики, а и содржи  песни („Ужасно ми фалиш”, „Сама види си”) кои беа популарни и се вртеа на македонските радио станици. Зад себе имаат повеќе балкански турнеи, а ова лето ќе имаат и уште една турнеја со настапи на повеќе популарни фестивали на Балканот.


По оваа турнеја 21 Век се подготвуваат и за ново изненадување во Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фестивал за современа музика МОДОАРС 2024

Започнува седумнаесеттото издание на Фестивалот за современа музика МОДОАРС. На отварањето на фестивалот МОДОАРС 2024 …