Кога ја видел сопругата како седи на маса со двајца мажи, еден Кинез упаднал во ресторанот и силно и удрил шлаканица, што го забележале и камерите за надзор.
Инцидентот се случил во Баодинг, во провинцијата Хебеј на северот на земјата.
Жената останала да лежи на подот по еден удар, а се чини дека останала во несвест. Љубоморен сопруг ги нападнал мажите и фрлал разни предмети што ги зграбил во барот, по што побегнал.
„Тоа е моја сопруга! Ве гледав 20. минути од надвор“, рекол човекот пред да излета надвор од ресторанот.
Кинеската полиција соопштила дека го истражува инцидентот, но дека никој не бил уапсен досега.
(ВИДЕО) ПРВО ГИ НАБЉУДУВАЛ ЦЕЛИ 20. МИНУТИ – СО ЕДЕН УДАР ЈА НОКАУТИРАЛ СОПРУГАТА БИДЕЈЌИ СЕДЕЛА СО 2. МАЖИ: Љубоморниот маж дивеел во ресторанот!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.