(ВИДЕО) Предизвикувал мечка па го извлекол „подебелиот крај“

На социјалните мрежи кружи видео снимка во која турист во источна Русија излегува од автомобил и се обидува да и пријде на мечка…

Меѓутоа, мечката тоа го сфатила како закана и се одбранила со залетување во мажот кој потоа избезумен избегал…
Тој се обидел да се доближи до малечката мечка со надеж да ја допре. Туристот очигледно не бил свесен колку тој чин е опасен за неговиот живот.
Излегол со цел да ја намами. Мечката во почетокот се оддалечувала, но кога мажот и го свртел грбот тргнала кон него.
Туристот трчејќи тргнал кон автомобилот. Овој чин ги разлутил мештаните на регионот на Камчатка бидејќи владата издала јасно предупредување дека мечките не треба да бидат вознемирувани, пишува The Siberian Times.
Една од мештанките, Људмила федосенкова, рекла дека е штета што мечката не стасала и’ да го нападне, додека многумина кажале дека мажиот е „будала“ и дека не би сочувствувале со него ако мечката го повредила.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …