(ФОТО) Надворешен советник за 50.000 денари месечно: Кој е Александар Ружин, надворешен советник на премиерот Зоран Заев?!

Александар Ружин има 36 години. Тој е член на Либерал демократската партија (ЛДП), исто како и неговиот татко Нано Ружин кој порано ја вршеше функцијата амбасадор во НАТО.


Универзитетскиот професор Венко Андоновски и Александар Ружин, син на поранешниот дипломат и актуелен професор на ФОН, Нано Ружин,се надворешни советници на премиерот Зоран Заев, објави Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија.


Ружин на Заев му дава совети за: „економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) и Франција, и секој месец зема 50,000 денари.


Александар Ружин има 36 години. Тој е член на Либералдемократската партија (ЛДП), исто како и неговиот татко Нано Ружин кој порано ја вршеше функцијата амбасадор во НАТО. Роден е во Париз во 1983 година. Во тоа време неговиот татко студира во француската метропола. Поседува приватна фирма за продажба на автомобилски гуми и бандажи – „Бенелукс Тунинг“ .


Во едно од ретките политички интервјуа кои тој ги има дадено себеси се опишува како некој којшто „уште од студентските денови се интересирал за политичката еволуција“. Во истото интервју за естрадниот портал „Идол.мк“ тој вели дека донел значајни инвеститори од Белгија и Франција“, а пишувал и труд за неговите инвестициски лобирања.

До скоро, тој беше почесто присутен во вестите од естрадата, а поголема популарност стекна како момче на хрватската поп ѕвезда Антонија Шола.

Целата сторија ТУКА

Дипломатскиот советник на Владата за економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс, Александар Ружин, пред само пет години длабоко бил навлезен во нумерологијата.
Тој со комплексни математички операции, собирање, одземање, делење и множење, доаѓа до неверојатно откритие, дека некако бројот 26 значи Господ, што пак значи Тоше Проески, не сфаќаме како, но погледнете и уверете сѐ.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …