(ВИДЕО) Влатко Стефановски со видео порака за неговиот настап пред концертот Стинг на 2. јуни:Двајца великани на една бина!

Нашиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, пред концертот на Стинг на Градски каде ќе настапи како гостин со своето трио, се обрати со видео порака до македонската публика.
„Добар ден! Голем поздрав од Скопје!Би сакал да ви најавам дека на 2. јуни ќе настапиме со моето трио како предгрупа или како отварање на концертот на Стинг на Градски стадион. Ако уште немојте да го пропуштите тој голем спектакл. Верувам дека сите заедно ќе уживаме, дека ќе имаме добро време и дека ќе направиме една незаборавна вечер.А, до тогаш, голем поздрав, Влатко Стефановски“, вели нашиот светски уметник, Влатко Стефановски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …