(ВИДЕО) Правдата е спора, но…Тајна снимка разоткрила свирепи сестри: Се смееле додека пациентот умирал…

Тајна снимка открила како две медицински сестри се смееле додека мажот кој ги молел за помош умирал…
Три години од несреќната случка тајна снимка разоткрила две свирепи медицински сестри кои одбиле да му помогнат на маж кој умирал во центарот за рехабилитација.
На снимката се гледа како ветеран од Втората светска војна викал во помош бидејќи не можел да дише. Медицинските сестри не направиле ништо да му помогнат и да му го спасат животот, напротив, се насмеале додека (божем) се обидувале да го наместат респираторот.
Семејството на 89. годишниот Џејмс Демпси од Вудсток поднело тужба против Центарот за здравје и рехабилитација уште во 2014. година и според нивната изјава се договориле со Центарот.
Меѓутоа, телевизиската куќа WXIA-TV тврди дека сестрите кои се смееле на човекот кој умирал и не помогнале не добиле отказ, односно ја загубиле лиценцата се’ до септември оваа година кога ТВ станицата ја испратила снимката до домот за нега на Здружението на негуватели. Една од сестрите на сослушувањето рекла дека се обиделе да го оживеат човекот додека не стигне прва помош, меѓутоа на снимката се гледа дека таа ништо не направила.
Откако видеото било објавено, ја признала грешката, а и двете немарни медицински сестри остнале без лиценца за работа, пишува Business Insider.

Видеото го објавила WXIA-TV.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …