(ВИДЕО+ФОТО) Листесто солено печиво: Меко како душа!

Идеално, како за појадок или ужина, така и за преубаво послужување…
Ова фино солено листесто печиво ќе ги измами сите пофалби за домаќинката.
Има прекрасна структура која совршено се листа. Меко како душа, а однадвор крцкаво, со златно – жолта коричка наросена со семки…
Потребно е:
500 – 600 г брашно
200 мл јогурт
3 јајца
20 г квасец
1 лажица шеќер
малку сол
150 г фета сирење
100 г путер
разни семки
Подготовка:квасецот растопете го во малку млака вода, додајте шеќер, јогурт, 2 јајца, брашно, сол и замесете средно тврдо тесто. Обликувајте и оставете 30 минути да стасува.
Стасаното тесто развијте го и поделете на 7 топки. Секое топче расукајте го што потенко и намачкајте со омекнат путер, а над тоа со изматено сирење. Секое топче расукувајте го па редете едно врз друго. Последната кора не ја мачкајте. Тестото мора да биде со правоаголен облик.
Исечете по должина на половина, па потоа на ленти широки 3 см.
Секој трета лента расечете ја по средина па кревите провлечете ги низ расечениот дел. Еден однадвор, еден внатре во сечениот дел како што е покажано во видеото.
Редете во плех, покриен со хартија за печење. Оставете тестото малку да стасува, намачкајте со жолчка, наросете со семки, ким и крупна сол. Печете околу 20. минути во рерна загреана на 200. степени.
Уживајте.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …