Македонија под студен бран – снег и’ на пониските места

Од синоќа во вечерни часови во Македонија се почувствува приближувањето на студениот фронт од север па така во северозападните и северните планински предели веќе започнуваат врнежите од снег. Снег започна да паѓа и на Попова Шапка.
Денешното понеделничко утро најави дека снежната покривка значително ќе се спушти на надморска височина од некаде 500 – 600 метри па нагоре. Особено во северните и во северозападните предели и тоа на планините како и на некои од повисоките места (над 700 – 800 метри) ќе се формира снежна покривка.
Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец и температурите на воздухот значително ќе опаѓаат. Да напоменеме дека пред овој студен фронт особено на запад ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.
Максималните дневни температури на воздухот утре (понеделник) ќе се искачат во интервалот само од 0 до 9 степени.
Метеоролозите напоменуваат дека особено на планините и на некои од повисоките места ќе се формира снежна покривка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …