(ВИДЕО) Познатиот глумец подготвил изненадување на човекот кој во младоста го примил како бездомник

“The Rock” никогаш не го заборавил неговото добро дело.
Актерот Двејн Џонсон, познатиот „The Rock“, денес е богат и успешен, но не секогаш имал толку среќа. Тој во тинејџерските години бил сиромашен бездомник, а по тој повод му помогнал и поранешниот менаџер во борење Бруно.
„The Rock“ никогаш не го заборавил неговото добро дело, и му подготвил прекрасно изненадување на својот долгогодишен пријател – му купил автомобил вреден 30. илјади долари.
Двејн објавил видео на Инстаграм во кое разговара со Бруно, кој ништо не наслутува, за тоа како го примил кога немал каде да оди, кога имал само 15. години и како токму Бруно му го купил првиот автомобил.
„Не можам да ви заблагодарам доволно за она што го правевте за мене кога имав 15 години. Имавте целосно право да кажете дека не го познавате тоа дете и не сакате да живеете со него, но во секој случај ме прифативте. Бруно, тоа ми значи многу затоа што ми го смени животот. Те сакам и благодарен сум ти. Ви благодарам што ми го купивте мојот прв автомобил, и сега имам можност да ви кажам – ова е вашиот нов автомобил“, му рекол на зачудениот човек.
Бруно се расплакал кога Двејн го сместил во неговиот нов автомобил.
„Никогаш никој не направил вакво нешто за мене. Те сакам“, му рекол на актерот.
„И јас те сакам“, одговорил “The Rock”.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)


Видео и фото: instagram.com/therock/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …