(ФОТО Галерија) Погледнете ги грандиозните снежни скулптури во форма на војници

Скулптурите се изработени благодарение на пили, ножеви и лопати со помош на кои снегот го претвораат во мраз.

По повод одбележувањето на 106-годишнината од битката кај Сарикамис за време на Првата светска војна, огромни снежни скулптури во форма на војници беа издлабени во источна Турција, пренесува Анадолија.
Скулптурите ќе бидат изложени од 8. до 10 .јануари за време на церемонијата во областа Сарикамис во провинцијата Карс.
Околу 200 камиони снег беа пренесени во областа за да се изградат скулптурите.
„Ние работиме нон стоп и покрај студот, околу минус 20 до минус 25 степени Целзиусови. Скулптурите ќе ги завршиме до денот на отворање, 8. јануари“, рекол еден од скулпторите, Мухамет Ханифи Зенгин, академик од универзитетот Кафкас во Карс.
Скулптурите се изработени благодарение на пили, ножеви и лопати со кои снегот го претвораат во мраз.


Битката кај Сарикамис се случила меѓу Руската империја и Османлиската империја за време на Првата светска војна, а скоро 90.000 османлиски војници ги загубиле своите животи поради студот во 1914.година

Фото: Anadolija


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …