ВО СЗО РАЗОЧАРАНИ: Кина не им дала дозволи на стручњаците за доаѓање и испитување на потеклото на ковид

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус, изјавил дека е разочаран што кинеските власти не ги финализирале дозволите за пристигнување на тим експерти во Кина, кои ќе го испитаат потеклото на ковид-19.
Тедрос Аданом Гебрејезус, во ретка критика на Пекинг, рекол дека членовите на меѓународниот научен тим во последните 24 часа започнале да ги напуштаат своите матични земји за да заминат во Кина, во рамките на договорот меѓу СЗО и кинеската влада.
„Денес дознавме дека кинеските власти сè уште не ги завршиле потребните дозволи за тимот да дојде во Кина“, рекол тој на прес-конференција во Женева.
„Јас сум многу разочаран од оваа вест, имајќи предвид дека двајца члена веќе го започнаа своето патување, а другите не можеа да заминат во последен момент, но тие беа во контакт со високи кинески функционери“, изјавил шефот на СЗО.
Тедрос рекол дека „јасно ставил до знаење“ дека мисијата е приоритет на здравствената агенција на Обединетите нации и дека е „убеден дека Кина ги забрзува внатрешните процедури за што побрзо распоредување“.
„Ние сакаме мисијата да оди што е можно побрзо“, рекол тој.
Експертите, собрани од целиот свет, се очекува да го посетат градот Вухан, за кој се сомнева дека е местото каде што првпат се појави вирусот корона пред повеќе од една година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …