Ник Картер се расплакал на сцената во лондонската О2 арена за време на настапот со неговиот бенд „Бекстрит Бојс“ во неделата навечер. Тој почнал да плаче додека го пеел својот стих на темата „Show Me The Meaning of Being Lonely“. Не успеал да ја заврши песната. Тој бил погоден од смртта на неговиот брат Арон, кој во саботата беше пронајден мртов во када во неговиот дом во Калифорнија. Неговите колеги од бендот беа видени како го гушкаат на сцената.
Смртта на неговиот брат целосно го скршила. Ник рекол дека го сака и покрај нивната комплицирана врска. За време на настапот на големото платно во салата била црно-белата слика на Арон.
View this post on Instagram
За смртта на неговиот брат пејачот на „Бекстрит бојс“ се огласи и на Инстаграм.
„Моето срце е скршено. Иако брат ми и јас имавме комплицирани односи, мојата љубов кон него никогаш не се исчезна. Секогаш се надевав дека некако, еден ден ќе посака да оди по вистинскиот пат и на крајот ќе ја побара помошта што му беше толку потребна“, напишал Ник и додал:
„Понекогаш сакаме да обвиниме некого или нешто за загубата, но вистината е дека зависностите и менталните болести се единствените ‘виновници’ овде. Ќе ми недостига мојот брат повеќе отколку што некој некогаш ќе знае. Те сакам Чиз. Сега конечно меш да го имаш мирот што никогаш не би можел да го најдеш овде на земјата… Те сакам, братче“, заклучил тој.
View this post on Instagram
Да потсетиме дека Арон беше пронајден мртов во саботата во неговиот дом во Калифорнија. Арон имал 34. години, а имал големи проблеми со разни опијати и дроги.
Фото: Принтскрин/Instagram