За три дена во Лајка е стерилизирано 31. куче!

Масовната и брза стерилизација е клучна за успешно да се справиме со проблемот со прекубројноста на бездомните кучиња, како и вдомувањето на миленици и одговорното сопствеништво. Последните 3 дена во Лајка е стерилизирано 31 животно, што е најава за она што целиме во иднина – брза оператива, со цел да ја ставиме под контрола/запреме репродукцијата на животните на улиците. Но во овој процес никој не е семоќен и изземен од одговорност. Дали и колку ќе има бездомни животни, зависи од секој од нас. Институциите е неопходно прецизно да го уредат одговорното сопствеништво, правата и одговорностите на сопствениците на миленик (забрана за неконтролирано размножување и забрани за напуштање), зошто неодговорните навики се изворот на проблемот.

This image has an empty alt attribute; its file name is 31-СТЕРИЛИЗИРАНО-КУЧЕ-ВО-ЛАЈКА.jpg


Што можеш да сториш ти, за да помогнеш?

ВДОМИ МИЛЕНИК, зошто вдомувањето е хуман акт со кој спасуваш живот и стекнуваш уникатен и верен миленик. Во моментов 135 кучиња чекаат шанса за семејство во ЈП Лајка.


БИДИ ОДГОВОРЕН сопственик, не го размножувај, стерилизирај го своето кутре, затоа што стерилизацијата превенира ред смртоносни заболувања кај животните, и го затвора кругот на нови и нови единки на улица, кои страдаат и завршуваат трагично.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …