(ВИДЕО) СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ УДРИЛ ВО ВОДИТЕЛКА! Нејзината реакција ги воодушевила сите: Брзо се смирила, па ја изговорила ХИТ реченицата!

Вклучувањето во живо на новинарите во програма е секогаш непредвидливо и може да оди поинаку од планираното.
Една таква ситуација неодамна се случила во програмата на Федералната телевизија на Босна и Херцеговина, додека новинарката Вилдана Мехмедовиќ известувала од терен.

This image has an empty alt attribute; its file name is voditelka-vo-zivo-i-trotinet-1.jpg


Новинарката се вклучила во живо од мостот Фестина Ленте во Сараево, а во еден момент зад неа се појавил човек кој турка скутер, со кој случајно ја закачил водителката и ја турнал кон камерманот.
Додека Вилдана шокирана ја гледала сцената и се обидувала да разбере што се случило, случајниот минувач почнал да се извинува.
– Вакви работи се случуваат. Во живо сме во програмата и се е простено – рекла Мехмедовиќ и почнала да се смее.

@dinodurmic #live #jutarnjiprogram #ftv #fyp #foryou #foryoupage ♬ original sound – dinodurmic


Видеото од нејзиното вклучување брзо стана вирално и додека некои се смеат, други признаваат дека изгледа како човекот од видеото намерно да ја „закачил“ водителката.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …