(ВИДЕО) ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ВОЈНАТА – Украинка покажала како сега изгледаат нејзините омилени места, и се „заблагодарила“ на Русија

Украинката Ана Малигон неодамна на TikTok сподели како сега изгледаат нејзините омилени места во нејзиниот роден град во Украина.
Ана Малигон е Украинка, која неодамна сподели содржини на својот профил на TikTok, поврзани со нејзината земја и актуелната ситуација и иронично и се заблагодари на Русија, која не се откажува од војната речиси една година.
Во насловот на првото видео таа стави „Моите омилени места во мојот роден град“ каде што носи само јакна, покажала како сега изгледаат нејзиното училиште, омилен ресторан, трговски центар и универзитет во Харков.

@maligoshik #ukraine #kharkiv ♬ Che La Luna – Louis Prima with Sam Butera & The Witnesses


Потоа, два дена подоцна, таа го објави вториот дел во кој покажува некои од нејзините омилени локации, но овој пат носи и панцир и кацига за да се заштити. Овој пат таа го покажала своето омилено кафуле, омилената продавница за облека, салон за убавина и зградата на нејзината пријателка.

@maligoshik #ukraine #kharkiv ♬ Che La Luna – Louis Prima with Sam Butera & The Witnesses


Оваа Украинка споделила како изгледа животот во Украина за време на агресијата, па во една од содржините покажала како во пет наутро ги буди сирена за тревога и потоа мора да се засолнат.
На видеата јасно се гледа дека сите нејзини локации се во урнатини, па иронично напишала „Благодарам Русија“. Според нејзината содржина на оваа социјална мрежа, оваа млада Украинка наводно се преселила во друга земја, но не прецизирала каде моментално престојува.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …