(ВИДЕО+ФОТО) Милионерот решил да донира 99% од своето богатство, нема да остави ништо на децата

ДЕЈВИД ФИШВИК е милионер кој се одлучил на необичен потег со цел да ги мотивира своите деца да работат, пишува Daily Star. 51-годишниот Британец имал скромни почетоци, не го завршил училиштето и се вработил како градежен работник.
Почнал да заработува со основање компанија која продавала минибуси, а своето богатство го стекнал по финансиската криза во 2008 година кога основал сопствена банка за да им помогне на локалните бизниси да напредуваат, а неговата приказна била претворена во серијата на Нетфликс „Bank of Dave“ (Банката на Дејв).


Тој ќе го подари своето богатство
Неговото богатство се проценува на околу 500 милиони долари, но милионерот изјавил дека нема намера да им остави пари на своите деца.
Наместо тоа, тој одлучил да донира 99% од своето богатство за да ги задржи своите деца мотивирани за работа, додавајќи дека не сака да ги „оптоварува“ со своето богатство.


„Важно е децата да работат напорно затоа што сум видел многу луѓе кои станале успешни и богати и ги разгалуваат своите деца, кои воопшто немаат разбирање за пари“, објаснил тој и додал: „Ќе дадам 99% од моето богатство кога ќе умрам, било која недела или година“.

Важноста на работната етика
Фисвик додал дека еднаш работел на три работни места, што развило извонредна работна етика која сака да ја пренесе на своите деца.
„Важно е да имате работна етика и мислам дека напорната работа ве става таму каде што среќата ќе ве најде. Моите деца не секогаш се согласуваат со тоа, но тие се добри деца“, споделил тој.

Фото: Принтскрин/YouTube/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …