(ВИДЕО) Поранешниот батлер на принцезата Дијана: „На Хари и Меган треба да им се одземат кралските титули!“

По објавувањето на трејлерот за „експлозивната“ документарна серија на Нетфликс во која принцот Хари и Меган Маркл го напаѓаат кралското семејство, парот се најде на удар на поранешниот батлер на принцезата Дијана, Пол Бурел.
За време на интервјуто за TalkTV со Пирс Морган, поранешниот батлер го кажа своето мислење за синот на принцезата Дијана и неговата избраничка.
„Ти си кралот Чарлс, што правиш кога еден од овие двајца луѓе кои се обидуваат да уништат се за што се залагаш е твој син?“ – прашал Морган.


64-годишниот пензиониран кралски слуга, кој поминал 21 година работејќи за британското кралско семејство, најпознат како батлер на принцезата Дијана до нејзината смрт во 1997 година, одговорил: „Им ги одземаш титулите, да, се согласувам со тебе. .

„Тие не сакаат да бидат кралски членови, па зошто да имаат кралски титули?“, додал тој.


Тврдат дека во документарецот ќе ја кажат вистинската вистина
Меган и Хари продуцираа и снимија документарен филм од шест дела, кој премиерно ќе биде прикажан на Нетфликс на 8/.декември. Војводата и војвотката од Сасекс објавија драматични трејлери и најавија дека во документарецот ќе ја кажат „својата вистина“ и рекоа дека само тие двајца ја знаат вистинската вистина за нивниот живот.

View this post on Instagram

A post shared by Netflix US (@netflix)


„Тоа е валкана игра. Жените кои стапуваат во брак во кралското семејство страдаат длабоко. Не сакав историјата да се повтори“, вели принцот Хари во трејлерот. Во трејлерот Меган вели дека кралското семејство не ја заштитило од печатот, а прикажани се и сцени од животот на принцезата Дијана, мајката на Хари, со која Меган очигледно се поистоветува.

Фото: Монтажа/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …