(ВИДЕО+ФОТО) Смртта на МАЛАТА НЕВЕСТА и’ по шест години е МИСТЕРИЈА: Наводно се самоубила, но потоа обдукцијата покажала поинаку

Нејзината смрт ги потресе сите обожаватели на серијата „Малата невеста“
Пратиша Банерџи била пронајдена мртва на 1 април 2016 година. Како што нејзиниот дечко, Рахул Радц Синг, и рекол на полицијата дека откако дошол дома, ја нашол актерката како виси на вентилаторот на таванот.
– Живеевме во двособен стан. Имавме два клуча – едниот беше кај Пратиша, а другиот кај мене. Кога влегов во спалната ја најдов Пратиша како виси на таванот. Бев многу исплашен. Веднаш ги повикав соседите и со нивна помош ја однесов во болницата Кокилабен. Мислевме дека е жива, но не беше. Бев толку исплашен, не повикав полиција. Повикаа од болницата. По објавата на докторот се јавив на семејството на Пратиша и на неколку наши блиски пријатели – изјавил тогаш Синг, но потоа обдукцијата покажала поинаку.
Како што се наведува, смртта била предизвикана од задушување на друго лице, а не од бесење. Парот наводно се скарал тоа утро и расправијата завршила со тоа што Рахул прилично силно ја удрил својата вереница.

View this post on Instagram

A post shared by tellystarss (@tellyayya)


По ударот кој го добила, Пратиша паднала, а очевидците на настанот биле шокирани што Рахул не и пришол на вереницата за да и помогне да стане од бетонот. Тогаш медиумите објавија и дека се чувствувала многу понижено поради се што и се случило.
Иако нивната љубовна приказна изгледала како од бајка, со текот на времето се појавиле сериозни проблеми, особено околу планирањето на свадбата, но и поради несогласувањето на нејзините роднини и пријатели со изборот на нејзиниот иден сопруг.
– Мислам дека не се самоубила. Мислам дека тоа е планирано убиство – изјавил Ајаз Кан, пријател и колега на Пратиша, за новинската агенција АНИ.



Сите забележале дека Пратиша многу се оддалечила од семејството откако започнала врска со Рахул, а потоа се појавиле шпекулации дека е бремена. Неколку дена пред смртта побарала помош од својот пријател.
Смртта на убавата „Малечка невеста“ се уште е мистерија, а за време на збогувањето, ден пред погребот, таа била облечена во венчаницата што ја нарачала за нејзината свадба.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …