(ВИДЕО) Поради оптичка илузија луѓето кочат и исплашени поминуваат низ тунелот

Потсвесниот нагон за преживување е посилен од какви било сообраќајни знаци и казни.
Шегата на страна, затоа што оние кои доживеале возење низ овој тунел, сигурно не им било до шега. Влегувајќи во тунелот, тие биле сведоци на оптичка илузија која ги принудила да застанат и да ја сменат лентата за да не „паднат во бездна“.
Авторот на снимката застанал на влезот во тунелот и решил да сними необична сцена. Изгледало како да има голема дупка во левата лента од тунелот, а згора на тоа неозначена. Иако сомнеж предизвикува тоа што не било обележано, возачите кои налетувале од страв закочиле и го заобиколиле спорниот простор. Тојота и Ауди Q3 полека минуваат низ тунелот додека нивните возачи биле сведоци на оваа необична појава.

1


Дури откако ќе се приближи камерманот, можеме да видиме дека се работи за голема локва со вода која на необичен начин ја отсликува сликата на ѕидовите. На авторот на видеото му олеснало кога видел дека нема дупка и рекол: „Мислев дека издлабиле дупка, се збркав“.
Видеото предизвика огромен интерес на социјалните мрежи, а само на Фејсбук за неколку дена собра над 20. милиони прегледи.
Во секој случај при влегување во тунел прилагодете ја брзината, а доколку врне, обрнете посебно внимание на ваквите ситуации. Ако веќе не ги почитувате сообраќајните знаци, знајте дека во тунелот се можни вакви изненадувања.

Фото: Принтскрин


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Мировна акција распишува конкурс за пријави за „Десет дена Мировна република“ – Тренинг за соочување со минатото и изградба на мир

Во периодот од 31.10. до 10.11. 2024 година, Мировна акција го организира петнаесеттиот по ред …