(ВИДЕО) ПОЧИНАЛА ПОЗНАТАТА ОСКАРОВКА: Ги испеа насловните нумери од култните филмови, остави неизбришлива трага на светската сцена

Ајрин Кара, најпозната по пеењето на насловните нумери на филмовите „Fame“ и „Flashdance“ од 1980-тите, починала на 63-годишна возраст.
Веста ја потврдила нејзината публицистка Џудит А.Мус на Твитер, која открилаа дека Кара починала во својот дом на Флорида. Причината за смртта засега не е позната.


„Ова е апсолутно најлошиот дел за еден публицист. Не можам да верувам дека морав да го напишам ова, а камоли да го објавам. Ве молиме споделете ги вашите спомени и сеќавања за Ајрин. Ќе ги прочитам сите и ќе знам дека Ајрин се насмевнува од небото. Таа ги обожаваше твоите обожаватели“.

Кара првпат стана позната кога доби улога во мјузиклот „Fame“ во 1980 година. Откако првично беше избрана за танчерка, за неа беше напишана улогата на КоКо Хернандез и ѝ беше доделена да ја пее насловната песна.
Нејзиниот настап и донесе две Греми награди, за најдобар нов изведувач и најдобар женски поп изведувач.

Подоцна го отпеа познатиот хитот „Flashdance… What A Feeling“ за филмот „Flashdance“ од 1983. година, за кој освои и Греми награда за најдобра женска поп вокална изведба, како и Оскар за најдобра оригинална песна.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …