(ВИДЕО) Мајка ги снимила последните моменти на ќерка си: „Само сакаше да ми каже дека ме сака“

ГУБЕЊЕТО на детето е незамислива болка со која ниту еден родител не треба да се соочи. Мајка храбро ги документирала последните денови на своето мало девојче, велејќи дека се надева дека тоа ќе им помогне на другите ужалени родители додека ја подига свеста за нејзината болест.
Двегодишната Ава водела долга битка со рабдомиосарком во четврта фаза, откако и била дијагностицирана на само 13 месеци. Последниот ден била толку слаба што едвај можела да зборува. Исклучително трогателниот момент со нејзината мајка Меги ги освои срцата на повеќе од 65. милиони луѓе ширум светот откако таа го сподели тоа на TikTok.

@jimenezmagalli


i love you too…. i love you forever

♬ Turning Page (Instrumental) – Sleeping At Last


Во потресното видео, снимено само еден ден пред нејзината смрт, Ава ѝ се насмевнала на мајка си пред тивко да ја пее нејзината омилена песна.
„Те сакам, ти ме сакаш мене, ние сме среќно семејство. Со голема прегратка и бакнеж од мене… Зарем нема да кажеш дека и ти ме сакаш?“, пеела таа меѓу уморните вдишувања.
„Денот пред да умре Ава, таа не можеше да оди, ниту да седи и едвај зборуваше, но сепак сакаше да ми каже дека ме сака“, напишала Меги. Ава храбро се борела со ракот со агресивна хемотерапија и повеќе од половина живот поминала во болница. Туморот во нејзиниот мозок бил со големина од околу осум сантиметри, а лекарите не можеле да го отстранат.
„Како нејзина мајка, личност која ја сака повеќе од кој било на овој свет, донесов одлука дека нема повеќе да се лекува, нема да преземаме повеќе вонредни мерки. Само ќе и дозволиме да го живее својот живот и да ужива во него и да ги правиме сите работи што некогаш сме сакале да ги правиме заедно“, изјавила претходно Меги, која на 22. август ја споделила веста со своите следбеници дека Ава починала во нејзините раце.


@jimenezmagalli

Dear Ava, i miss your laugh 🤍

♬ Wash. – Bon Iver

„Моето срце ќе биде скршено засекогаш, никогаш повеќе нема да биде истото, но и ветив дека ќе живеам за неа. Животот не треба да биде ваков, родителите никогаш не треба да планираат погреб или последна облека за своето дете“, рекла уништената мајка и објавила видео за поддршка на сите родители кои го доживеале истото. Попатно, таа ги потсетила како малите „бремења“ што доаѓаат со децата се всушност благослов.
„Губењето на детето е нешто што никогаш не би го посакала никому, па додека ја споделувам нашата приказна – прегрнете ги вашите деца малку поцврсто денес, дури и ако ве полудуваат. Затоа што би дала сè за Ава да ме прекине додека јас се обидувам да одам во тоалет, или да јадам ладен оброк што стана ладен затоа што таа го сака моето внимание или да и застанам на нејзините играчки наместо воопшто да ја нема“, рекла Меги.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …