(ВИДЕО) Мајка и открила на ќерка си дека како бебе била посвоена, видеото од реакцијата е погледнато милиони пати

ЕДНА од најголемите радости на родителството е тоа што никогаш не знаете што ќе излезе од устата на вашето малечко. И кога имате дете кое штотуку почнало да зборува, тие коментари може да варираат од нешто апсолутно симпатично до навреда за што веројатно не ни знае што значи.
Сега, една мајка успеала да го долови емотивниот момент кога и признала на ќерката дека е посвоена како мало бебе, а одговорот на нејзината тригодишна ќерка ја оставила без зборови. И во солзи. Таа објавила видео, кое е прегледано повеќе од четири милиони пати, на TikTok.

@emilyfauver


My heart will never be the same. She’s healed so much of my inner child for me🥹

♬ CUFF IT – Beyoncé


„Предупредени сте, земете ги марамчињата или целата кутија. Моето срце никогаш нема да биде исто“, напишала мајката Емили Фовер во описот на видеото. (Мојата мајка е) Мими“, ѝ рекла таа мислејќи на бабата на девојчето. Во класичен љубопитен стил на мало дете, нејзината ќерка ја прашала: „Зошто Мими ти е мајка?
Одлучувајќи дека моментот конечно е вистинскиот, Емили искрено и одговорила на својата ќерка дека таа е всушност посвоена и дека нејзината мајка не е нејзината биолошка мајка.
„Всушност, јас бев посвоена. Мајка ми не ме сакаше, па дојде нова мајка и ме зеде“, и објаснила, а она што се случило потоа, објаснува, воопшто не го очекувала.


„Јас те сакам“, ѝ рекла Ела на мајка си. „Навистина те сакам. Ќе бидам твоја мајка. Сега сум твоја мајка“.
„Ова мало девојче нема поим колку го излечи моето внатрешно дете за само три кратки години“, додала Емили додека го споделувала емотивниот момент на интернет, а клипот ги воодушеви гледачите кои беа трогнати од неверојатниот одговор на тригодишното дете.
„Децата се толку добри и прекрасни. Откако мајка ми почина, мојот шестгодишен внук се обиде да ме утеши и ми рече дека ми ја позајмува мајка му за да ми олесни. Тие ги имаат најголемите срца од сите“, ѝ напишала една мајка.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …