(ФОТО) Инфлуенсер од Србија му ја исполнил желбата на болниот татко и го однел на Светското првенство во Катар

(ФОТО) Инфлуенсер од Србија му ја исполнил желбата на болниот татко и го однел на Светското првенство во Катар
Српскиот инфлуенсер Марко Маријоковиќ е многу популарен на Инстаграм, а широките народни маси ги забавува со своите видеа и авантури со семејството, особено со баба му Драгица. Покрај убавите, Марко не се двоуми да ги сподели и помалку убавите моменти од својот живот за да докаже дека животот не е Инстаграм, и дека е далеку од совршен.

Марко често ја истакнува важноста на своето семејство кое е негово безбедно засолниште и најголема поддршка, а неодамна решил сите да ги запишат на хартија своите желби кои им ги исполнил во претходниот период. Меѓутоа, во меѓувреме дознал дека татко му се бори со рак на белите дробови и покрај лошата здравствена состојба, Марко решил да му ја исполни најголемата желба и да го однесе во Катар на Мундијалот.


 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 


A post shared by Marko Marijoković (@marko_marijokovic)


-3 дена до натпреварот помеѓу Србија и Бразил: Тато едвај стои на нозе. Пристигнуваме на консултации и не информираат дека тато ќе мора да оди во болница на зрачење. Во тој момент не го прифаќам фактот дека неговата желба нема да се оствари, а уште помалку дека ја губиме оваа војна. Се осмелувам да ги замолам лекарите да го однесам на Мундијалот, дури и да го носи на раце на стадион.

This image has an empty alt attribute; its file name is influenser-so-tatko-mu-1.jpg
Докторката се насмевнала и му кажала на татко му дека оди во Катар, а кога ќе се врати ќе и каже како било, е дел од емотивната порака што Марко ја напишал под објавата на Инстаграм.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Marko Marijoković (@marko_marijokovic)

-И еве сме. Ние го направивме тоа. Се исполни детската желба на татко ми, но и желбата на сите нас. Не се откажувајте кога имате чувство дека нешто навистина може да функционира. Понекогаш тоа нешто е и самиот живот, истакнал тој.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За нив започнува фаза на среќа и благосостојба: Декември ќе им донесе среќа на ОВИЕ знаци од Зодијакот

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …