Дијана по разделбата била вознемирена и почнала да го прогонува со повици…
Некогашниот љубовник на принцезата Дијана, Оливер Хоар (73) починал во Франција после долгогодишната борба со тешка болест.
Оливер бил трговец на уметнички дела и долгогодишен пријател на принцот Чарлс, но и опсесија и голема љубов на Дијана.Како што се шпекулирало, Дијана и Оливер почнале афера по смртта на таткото на принцезата, Ерл Спенсер, во март 1992. година.
Нивната афера завршила кога неговата сопруга му се заканила со развод и тоа поради што обезбедувањето на палатата наводно го нашле Оливер полугол како се крие позади едно дрво на имотот.
Дијана и се доверила на една пријателка дека животен сон и било да избега со Оливер и да живее во Италија.
Како што наведуваат британските медиуми, Дијана по разделбата била вознемирена и почнала да го прогонува со повици. Неговата сопруга повикала полиција бидејќи деноноќно им ѕвонел телефонот и тогаш откриле дека повеќе од 300 пати било ѕвонето од домот на Дијана.
После тоа полицијата соопштила дека истрагата е прекината на барање на Оливер.