Каква негрижа: Водачите оставиле двајца на Кораб – не сакале да ги почекаат ниту побараат…

Несреќата од Кајмакчалан во која згаснаа два млади животи се чини не влијае на одговорноста на организаторите на турите…
Од неделното, традиционално искачување на Кораб,се појавуваат нови детали за негрижата на организаторите кон учесниците…До кога вака?

„Не’ оставија на 2 км од почетокот на патеката за искачување до врвот Голем Кораб и ни кажаа дека автобусот за назад тргнува во 17:00 часот. Ни кажаа дека искачувањето трае околу 4 часа со тоа што мораме да почнеме со симнување од врвот најдоцна до 13:00 часот. Всушност тоа не беше вистина. Искачувањето траеше приближно 5 часа со две паузи од по 10 мин. 25 мин на врвот и симнување долу веднаш со цел да се стигне на време за автобус иако беше веќе предоцна. Од организатори и водичи ни трага, ни глас. Стигнав долу прв и морав да го барам автобусот којшто не беше на најавената локација. По еден час чекање за повеќето луѓе да се соберат за тргнување сфаќам дека е невозможно да нормален човек со нормално темпо стигне долу пред автобусот во 17:00 часот. Тука имаш расправии коментари од типот: “што бараат ако не знаат да одат?”, “требало да ги вратите назад да не одат до врв.” и слично. Стигнуваат и влегуваат во автобус изморени луѓе и организаторот сфаќа дека фалат двајца и тргнува да ги бара, се враќа сам и му вели на шоферот да си одиме бидејќи се стемнува. Јас сфаќам дека се спремни да остават двајца луѓе сами во темница на планина и почнувам да се бунам. Автобусот тргнува. Двајца се симнуваат по патот и трчајќи тропаат на автобусот со цел да запре за да влезат…. Спремни беа да ги остават….ниеден водич не се загрижи ниту одеше последен… Еден од двајцата го повредил коленото и морале да одат полека…. Никогаш пак со Трансверзалец! Никогаш!“, пишува Марко Томиќ на својот профил на Фејсбук.
Коментарите пак на место:„Не бе дечко, не вака! Туку со име и презиме на сите од водич до организатор до возач – сите на тапет да ги ставиш
И научете си ја лекцијата веќе еднаш дека овие очигледно не ги бива тура до ГТЦ да напраат, а не па да ве акаат по планините“, „ Добро бе деца, после се што се случи, вие пак со Трансверзалец тргнувате? Па под неразјаснети околности на нивна тура згаснаа два млади животи, како ви се тргнува пак со нив?“…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …