Американецот Винсент Фрејзер и таткото на неговата сопруга летале со Aero Commander 100 од 1967. година кога морале принудно да слетаат поради дефект на моторот.
Фрејзер ја добил пилотската дозвола во октомври 2021. година и имал помалку од 100. часа лет пред инцидентот. Сепак, тоа не го обесхрабрило поранешниот маринец. Неговиот прв план бил принудно да слета на мостот, но мостот бил претесен и со премногу сообраќај. После тоа, тој забележал уште подобра можност, а тоа бил автопат со не премногу возила кои се движат по него.
Тогаш Фрејзер се одлучил за храбар маневар, кој бил успешен. Потоа авионот бил пренесен на поправка, а три дена подоцна бил затворен дел од автопатот за да може да полета и да отпатува до аеродром со вистинска писта.
По инцидентот Фрејзер изјавил дека му е драго што никој не е повреден и дека ќе „одмори од летање“ некое време.
Фото: Принтскрин/YouTube