(ВИДЕО) Песна за сечија душа: Слушнете ја „Мастило“ на Менде Куновски!

Како и што беше најавено, одличната песна „Празен календар“ на битолчанецот со ангелски глас – Менде Куновски доби продолжение… Овојпат таа носи наслов „Мастило“…
Некој можеби ќе каже – модерна серенада и искрено нема да згреши, но едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека ова совршено музичко дело е буквално за сечиј вкус…
А како и да не биде совршено, кога Менде повторно избра да соработува со веќе докажаните и квалитетни автори.
Текстот го напиша човекот кој создаде стотици хитови во последниве дваесетина години, познатиот Борче Нечовски, потоа музиката е дело на одличниот Суад Хусеин – Цуле, а пак аранжманот го изработи Ташко Грујовски.

This image has an empty alt attribute; its file name is mende.jpg
Особено сме сигурни дека ќе се памети фразата од текстот, која вели: „Не сум сретнал жена како тебе, што ме љуби, а ништо не бара“…
„Многу сум пребирлив кога треба да изберам песна за себе и поради тоа не вадам песни на секои три месеци. Оваа екипа со која работам ме познава доволно добро и знае што може да ме „погоди“. Јас сум презадоволен, реакциите на најблиските пријатели, соработници се позитивни, а такви ќе бидат се надевам и на публиката кога ќе ја слушне оваа песна“ – вели Менде.
За оваа нова Менде сними и видеоспот, кој го изработи „Арт продукција, а во кој се појавува и убавата Анита Јовчевска.


This image has an empty alt attribute; its file name is mende-2.jpg
Инаку Менде тука незапира, тој наскоро ќе ја изненади публиката и со нова тамбурашка песна и тоа со негова колешка од Србија. До тогаш познатиот битолчанец може да го видите и слушнете во живо на многубројните негови настапи ширум нашата земја, а таа привилегија ја имаат и нашинците во Канада и Шведска, каде тој честопати настапува…
Уживајте во „Мастило“, а доколку ви се допадне, лајкнете и споделете на вашите социјални мрежи:


Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …