(ВИДЕО) Оваа мачка има неверојатна моќ да ги заспива децата: „Можеби некој сака да ја вработи?“

ИМА еден куп смешни и слатки видеа каде мачките си играат со деца, па дури и се грижат за децата, но нема многу такви што покажуваат како мачка заспива бебе. Ова видео кое неодамна беше објавено на Reddit го покажува токму тоа.
Мајката најпрво го држи во раце расплаканото бебе. Потоа флавата и ја става на грбот на мачка. Откако ќе се смести удобно, бебето престанува да плаче и уште поудобно се сместува на мачката која не мрднала ни педа.
„Мојот мачор може да ги заспие бебињата. Можеби некои родители сакаат да го вработат?” напишала сопственичката со објавата.


Луѓето на Редит коментирале за оваа необична појава: „Дали е ова поради предење? И мене ме заспива“, „Не можам да се движам. Човекот е на мене“, „Мачката погледна во камерата со изразот ‘Јас си ги бројам часовите и очекувам да ме платат’“, „Јас имам деца стари пет недели и три години и би сакал да разговарам со вас за позајмувањето на оваа мачка“.

Фото: Принтскрин/Reddit


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …