(ВИДЕО) Маж запросувал девојка во Дизниленд, луѓето се згрозиле од тоа што вработениот таму го направил

ЕДЕН маж решил да ја запроси девојката во Дизниленд, но магичен момент го уништил еден од вработените во забавниот парк…
На видеото објавено на Редит се гледа како маж клекнува на подигната платформа пред замокот на Заспаната убавица, земајќи прстен и е подготвен да запроси, кога бил прекинат од вработен кој го прегазил и му ја грабнал кутијата од рака.
„Вработениот го уништи моментот на запросување на мојот најдобар пријател. Тој претходно побара дозвола”, се вели во описот на видеото.
Откако му го одзел прстенот од раката на мажот, вработениот во Дизниленд ја извади двојката од платформата и слегол со нив до металната врата, велејќи: „Да, тоа е одлично, но овде ќе биде уште подобро“.


На видеото може да се слушне неговиот потег како неодобрен од многу случајни минувачи, но и од голем број интернет корисници.
„Начинот на кој го грабнал прстенот и го чекал вистинскиот момент покажува дека е злобен. Чекаше човекот да клекне за да може во совршен момент да втрча и да уништи се“, напишал коментатор.
„Тој веќе клечеше. Можеше да му дозволи да каже што има, а потоа да го избрка надвор. Ова е зло“, додал друг.
Сепак, некои луѓе застанале во одбрана на вработениот.
„Јавните запросувања се срамни. Вработениот е херој затоа што го спречил тоа“, напишал друг корисник.

Фото: Принтскрин/Reddit


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …