Ликовната уметница Јана Манева Чупоска избрана за нов претседател на ДЛУМ

Друштвото на ликовни уметници на Македонија на вонредното годишно собрание кое што се одржа на 04.06.2022 год. за нов Претседател на ДЛУМ ја избра ликовната уметница Јана Манева Чупоска.
Јана Манева Чупоска 1996 год. дипломира сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршува на Високата школа за примененат уметност во Прага. Во 2006 год. станува магистар по уметност. 2009 год. запишува докторски студии и станува Доктор од областа на етнологија и дизајн.

This image has an empty alt attribute; its file name is dlum-izbori-1.jpg
Член на ДЛУМ од 1997 год. активна во учество на самостојни и групни ликовни излагања на домашната и меѓународна ликовна сцена. Авторка на книги од областа на ликовната уметност и дизајн. Има објавено меѓународни трудови во научни зборници од областа на ликовната уметност и дизајн. Кураторка на ликовниот проект „Фемина 8″. Редовен Професор на високо образовна институција и факултет за арт и дизајн. Менторка на студенти за одбрани на повеќе дипломски и магистерски трудови. Учествува на семинари од областа на ликовната уметност и дизајн со сопствени излагања во Скопје, Белград, Дизелдорф, Париз, Прага, Загреб и др.
Новиот Претседател на ДЛУМ, Јана Манева Чупоска ќе раководи со Друштвото во период помеѓу 2022 и 2026 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …