(ФОТО) ЗАРАБОТИЛА БРОЈНИ КРИТИКИ – Хрватската пејачка Индира Левак изненадила со провокативна фотографија: Дали на 50. години мора да се видат гаќичките?

Хрватската пејачка Индира Левак, поранешна членка на бендот „Колонија“, викендов настапи во Осиек, а пред концертот објави фотографија на својот Инстаграм профил.
Индира објавила фотографија на која ги шири нозете во бел костум со дезен, најлонки со мрежа и високи чизми.

Нејзиниот аутфит како и позата предизвикале поделени мислења
„Убава и секогаш убава, иако има 48. години“, „Ти си пламен“, „Одлична фризура“, напишале некои.
„Непотребно. Некогаш е подобро да покажуваш помалку“, „Дегутантно, што ти е“, „Леле, се разочарав од оваа слика“, „Дали гаќите треба да се видат на 50. години. Ах Индира, како ме изненадуваш“, „Сега тотално ме разочара, во овие години ги покажуваш гаќите и ти личат на пелени“, се дел од критиките што ги заработи пејачката, но со оглед на тоа што не одговори, изгледа дека не ја погодиле премногу.



Пејачката е позната по експериментирањето со фризури и облека, а често објавува и видеа од теретана каде со помош на сопругот ја одржува линијата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …