Видео снимка од тепачката во која не се знае кој по кого удира, веќе се објавува на социјалните мрежи.
Долгонајавуваниот концерт во Швајцарија на 11-ти март, на кој настапија повеќе наши популарни фолк пејачи заврши неславно, со масовна тепачка во публиката.
Додека голем број од гостите на концертот меѓусебно се удираат и туркаат, жени и деца бегаат, обидувајќи се да се тргнат од гужвата.
Околу тоа кои се пејачите кои гостуваа на овој настан, организиран по повод Денот на жената, 8. Март, на социјалните мрежи периодов имаше повеќе најави.
Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Кристијан Јованов, Дамјан Стојаноски и Дали Бенд беа музичките гости кои ги забавуваа нашинците во Швајцарија, пред да започне големиот неред.
Ниту на музичарите не им биле јасни причините за почнувањето на тепачката па едноставно го прекинале концертот.
Која била причината за оваа тепачка, за „Фокус” открива музичарот Кристијан Јованов.
„Ниту ние точно не знаеме зошто започна се. Неофицијално, додека некои од гостите беа качени на маса и играа, некој некому со нога му стапнал во тањир. Тоа е се што знаеме, никој од нас музичарите не доби ќотек“ – вели Јованов.
Фото: Принтскрин/Facebook