Фолк пејачот Методија Столески пред извесно време сними неколку проекти со сплетови од македонски народни песни со познатата група “Седенка”. Првиот проект беше објавен на 8 март, а наскоро ќе биде објавен и втор.
Обработени се сплетови во дует со пејачката Елена Андоновска.
На 17 март Методија Столески на фестивалот „Гоце фест“ ќе промовира нова песна со наслов „Поминаа сто и двајсет лета”.
Текст, музика и аранжман се на Цане Петров.
Од 10ти до 13ти март Методија гостуваше во Pieve di Soligo Италија, забава за нашинците по повод 8 март.
Фото: Приватна архива