(ВИДЕО) Оливер Стоун за убиството на Кенеди: „Трамп можеше да ја открие вистината но тогаш му се закани ЦИА!“’

Познатиот режисер, двократен добитник на Оскар, Оливер Стоун, со тезата дека американскиот претседател бил убиен во 1963 година во организиран обид за државен удар пред три децении, започнал полемика, што меѓу другото, го принуди американскиот Конгрес да донесе декрет за објавување на документи за атентатот најдоцна во 2017. година.
Сепак, ден пред крајниот рок за тоа, тогашниот претседател Доналд Трамп одлучи да не го потпише. Стоун сега има снимено и документарен филм „Повторно за Џ.Ф.К.: Од другата страна на огледалото“.
Презентирајќи го новиот филм, Стоун зборуваше од неговиот стан во Лос Анџелес преку „ЗООМ“ со новинарката на Холивуд Репортер Зум, Татјана Сигел, за мотивите за снимање на документарецот со дополнителен материјал, зошто Трамп се откажал од неговиот потпис, писмото на Џеки Кенеди и средбите со синот на убиениот претседател, како и зошто се свртел исклучиво на правење документарци.


„Ние го започнавме ова пред две, три години и имаше многу детали што беа пронајдени, но не беа пријавени. Има една црна дупка во сеќавањата за Кенеди. И јас сакав, пред да го напуштам овој свет, да откријам сè што знам за тоа. Можев да склопам сè што знам во документарниот филм, но можев да внесам многу факти што се појавија по филмот во 1991. година, како и да потврдам некои од нив, бидејќи беше напаѓан од сите страни. Важно ми е, и на совеста ми е на луѓето кои се грижат за тоа тоа да им го предочам. Тоа го мотивира документарецот. Документите се објавени. Не сите. Трамп требаше да го потпише објавувањето во 2017. година. И’, с еповлече 12. часа пред тоа, вели Стоун, убеден дека многу документи не и се предочени на јавноста и дека се можеби уништени.


На прашањето зошто Трамп се откажал од потпишување на документите, режисерот рекол дека тоа се случило и во други случаи кои биле предизвик за безбедносните служби.
„Кој знае што мислел Трамп. Тој е мистериозен човек. Сигурен сум дека беше под некаков притисок. И тогаш дојдоа и му рекоа: ‘Не можеме да го сториме тоа од безбедносни причини’. Тој се повлекуваше и од други работи, секогаш кога ги предизвикуваме разузнавачките агенции. Се сеќавате на изјавата на Шамер (сенаторот Чак)? ‘Трамп, не се зае***ај со ЦИА, во спротивно тие ќе те уништат”, рекол Стоун.



Режисерот посочува дека е важно за помладите генерации да откријат што се случило затоа што „се чини дека земјата талка“.
На прашањето дали сега има поголема слобода, кога Џеки Кенеди повеќе не е жива и нема страв од нејзините приговори за снимањето на атентатот, режисерот одговори негативно.
„Никогаш не слушнавме што има да каже Џеки Кенеди за тоа. Ми напиша прекрасно писмо за „Вод“. И се допадна „Вод“ и сметаше дека тоа е ремек-дело, нешто како општо американско добро. И ми рече да ја посетам ако некогаш сакам да напишам книга“, рекол тој, презентира „Headliner“.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …