(ФОТО) ВООРУЖЕНИ ТРГНАЛЕ НА КАРЛЕУША! Ја спасиле луѓето од обезбедувањето а таа по тој повод се огласила на Инстаграм!

Пејачката Јелена Карлеуша се огласи на Инстаграм по повод претстојниот настап во Будва, се израдувала но и ги загрижила своите следбеници
По короната, многу пејачи започнаа со своите настапи, а некој што не застанува со луди забави и настапи што допрва ќе се прераскажуваат, е пејачката и одличен шоумен, Јелена Карлеуша.
На својот Инстаграм стори, таа најавила голем спектакл во Будва кон крајот на јули и потсетила на еден непријатен настан:
– После години и години заобиколувајќи ја Будва, поради непријатностите што ги доживеав на последниот долг концерт (каде за среќа имав десетмина од обезбедувањето), решив повторно да настапам во тој град – започнала Јелена.


– Инаку, јас сум таква, доволно е некој да ми се обрати погрешно, за да го прецртам, и тоа место и градот и државата…А, камоли кога некој вооружен ќе тргне на бината – продолжила таа.
– Но, во ред, лошите луѓе го добија заслуженото и јас се дружам со вас во Будва на 24 јули! – рекла Карлеуша.
Да потсетиме, инцидентот што го споменува Јелена се случил во јули 2013. година.
Пејачката Јелена Карлеуша на 27 јули поднесе електронска жалба против едно лице за наводен напад врз неа во познат локал во Будва, објавија тогаш црногорските медиуми.


Фото: Принтскрин/Instagram/Printscreen/JK

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …