(ВИДЕО) ОД ВРЕМЕ НА ЛАДНАТА ВОЈНА – Касписко чудовиште: Рускиот летечки брод ќе биде главна атракција на воениот парк

Единствениот руски летечки брод од времето на Студената војна пристигна во градот Дербент, кој се наоѓа на југот на Русија на Каспиското Море. Летечкиот брод, со прекар „Каспиското чудовиште“, ќе биде вклучен во бројната содржина на воениот парк „Патриот“ и со тоа ќе стане негова главна атракција.
Russia Today пишува дека летечкиот руски брод „Каспиското чудовиште“ е направен во Советскиот Сојуз во 1986. година, кој служел како основа за производство на екраноплеин, односно првиот ракетен носач во светот наречен „903 Лун“.
Тој се приклучил на касписката флота во раните 90-тти и останал во служба околу десет години.
Екраноплан бил долг 74. метри и буквално лебдел над водата, поточно, може да лета само на неколку метри со брзина од 550. км на час.
И покрај фактот дека е многу сличен на авион, тој бил класифициран како брод од страна на Меѓународната поморска организација.


Интересен факт е дека овој екраноплеин во исто време бил невидлив за непријателските радари и со тоа бил главната закана за носачите на авиони до кои може многу да се приближи. Тој бил вооружен со шест системи за лансирање на суперсоничната ракета Москит.
Со оглед на тоа што овој руски летачки брод бил огромен, неговата големина и неконвенционалниот изглед поттикнале медиумите да го прогласат за Касписко чудовиште“.
Со години после тоа, ова техничко чудо се чувало во поморската база во Каспијск во рускиот регион Дагестан. Сепак, неодамна било решено јавноста да се запознае со него и со историјата поврзана со него, па тој пристигна во воениот тематски парк „Патриот“ кој се наоѓа во градот Дербент.
„Овој екраноплеин ќе биде посебна атракција за сите посетители и тоа е кулминација на прикажување на воената опрема во паркот“, соопштило руското Министерство за одбрана.
Од Каспиското Море други бродови го влечеле дури 14. часа, бидејќи нова руско чудо повеќе не може да лета.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгите „Зборовите на безгласната девојка” и „Моќта на безгласната девојка” од Ивана Јанева

Денеска, во кафе книжарница „Booksy.mk” во Куманово, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи …