„ИТАЛИЈАНСКИОТ МОДЕЛ“ на борба со корона вирусот станал светски пример

Ја поздравуваат одлуката на италијанската влада да ја продолжи вонредната состојба до 15. октомври
Од неславен до светс на ковид 19.
Дописникот на весникот од Рим, Џонсон Хоровиќ, наведува дека Италија успеала да ја доведе коронавирусната инфекција под контрола благодарение на мешавината на мерки со цврст карантин на целата национална територија.
Весникот пишува дека ова е успех на одлична работа направена од владиниот научен и технички тим, кој во соработка со локалните комитети, лекари и болници, секојдневно ја следи епидемиолошката состојба, заснована на 20. индикатори и реагирал брзо каде се шири вирусот.
„Благодарение на тоа, Италија имаше неделно радиографско снимање на епидемиолошката состојба, врз основа на тоа кога владата, во соработка со Институтот за здравство, донесе здравствени и политички решенија“, се наведува во текстот.
Весникот ја поздравува одлуката на италијанската влада да ја продолжи вонредната состојба до 15. октомври, што и овозможува да реагира брзо и да преземе мерки во случај вирусот повторно да се шири.
Дописникот на весникот оценува дека мерките преземени од италијанската влада биле многу скапи за економијата на земјата.
Оваа година, бруто националниот приход ќе биде помал за 10%, се заклучува во написот, кој за кратко време објавил два текста за таканаречениот „италијански модел“ на борбата против пандемијата на вирусот корона.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …