(ВИДЕО) Објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА/REBIRTH: VOICE OF SILENCE на Илија Павлов

Деновиве е објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА / REBIRTH: VOICE OF SILENCE на Илија Павлов.
Станува збор за прв игран долгометражен филм на Илија Павлов, а музиката е на полскиот композитор Tadeusz Wnuk, познат како HEYHATO.
ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА / REBIRTH: VOICE OF SILENCE имаше европска премиера на CINEDAYS, Фестивалот на европски филм, а светската премиера беше во рамките на ИФФК „Браќа Манаки” во Битола.

This image has an empty alt attribute; its file name is REBIRTH-POSTER-FINALE-PERSONA-FILM.jpg
Проекцијата на првиот долгометражен филм на Павлов можеше да се проследи во Кинотека, Котур и 3Д кино Битола, а како што информира авторот, во моментов се договара и негова интернационална дистрибуција.
Освен во Скопје и во Битола, најавува проекции и во други македонски кина, за да може да биде достапен на поширока публика.
Павлов во моментов работи на својот втор долгометражен филм насловен ЕМИЛ, ВРАТИ СЕ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …