Бруклин Бекам на својот Инстаграм профил објави видео во кое испроба опасен предизвик кој се шири на социјалните мрежи.
Новиот готвач објави видео како јаде чипс од тортиља Paqui, кој е составен од исклучително лути зачини. Целта на предизвикот е да земете парче чипс и да издржите што е можно подолго пред да пиете или јадете нешто.
View this post on Instagram
Додека го јадел чипсот, набрзо почнале да му течат солзи по лицето бидејќи оваа закуска е зачинета со семките од најлутата пиперка на светот.
После тоа испил чаша млеко.
Видеото насмеало многу луѓе, но еден следбеник предупредил за опасностите од овој предизвик.
„Не ги јадете овие чипсови!! Поради овие чипсови имав седум деца во итната медицинска помош. За ова има и официјално предупредување од доктор, се уште не треба да се промовира”, остро рекол еден следбеник.
Фото: Принтскрин/Instagram