Откако принцот Хари и Меган Маркл побараа одложување на прикажувањето на нивниот документарец, сега доаѓа информација дека премиерата на филмот ќе биде на Нетфликс во декември оваа година.
Се шпекулираше дека Хари и Меган побарале одложување поради негативните реакции за петтата сезона на „The Crown“, која треба да излезе на 9. ноември.
Биографите и коментаторите на кралското семејство веќе остро ја критикуваат новата сезона, која излегува два месеци по смртта на кралицата Елизабета Втора.
View this post on Instagram
Новата сезона раскажува за Чарлс кој, додека сеуште е принцот од Велс, прави заговор за да ја собори кралицата. Продуцентите ги отфрлаат ваквите критики и истакнуваат дека серијата секогаш ја најавувале како фикција базирана на историски настани.
„Од Нетфликс беа изнервирани, па решија да преземат акција и да го стават документарецот во мирување“, рекол изворот.
И’ покрај коментарите, одложувањето на нивниот документарец нема никаква врска со излегувањето на новата сезона на „The Crown“.
View this post on Instagram
„Колку што знам, документарниот филм треба да биде прикажан подоцна оваа година“, порачал „изворот“.
Фото: Принтскрин/Instagram