(ФОТО) Ќерката на Синди Крафорд со последното издание неодоливо потсети на својата славна мајка

Каја Гербер се појави на гала во Лос Анџелес во саботата, а покрај впечатливото модно издание кое ја истакна нејзината прекрасна фигура, многумина забележаа колку манекенката на овој настан личи на нејзината мајка Синди Крафорд.
Облечена во парчиња од брендот Alaïa, од глава до пети, 21-годишната манекенка споила набрано здолниште со обвивка со соодветно проѕирно боди во малку потемна нијанса.
Двете парчиња се од колекцијата пролет-зима 2023 на Pieter Mulier, која првпат беше претставена во јули, а Каја ги стилизираше без никаков накит.


Со страничен раздел, лесната шминка била завршниот допир на овој минималистички изглед.
Откако на интернет почнаа да кружат фотографии од облеката на манекенката, фановите не можеле а да не ја коментираат нејзината неверојатна сличност со нејзината мајка Синди.

Многумина забележаа дека таа „изгледа исто како нејзината мајка“, но и дека тоа „доаѓа со годините“.
Сличностите меѓу Каја и Синди покрај гените придонесуваат и за нивниот заеднички пристап кон убавината според принципот помалку е повеќе. Каја неодамна зборуваше за InStyle за тоа како Синди влијае на нејзиниот стил, откривајќи дека најдобриот совет што и го дала е „никогаш да не ги допира веѓите и да се залага за поприроден изглед“.

Фото:Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …