Многумина не веруваа дека се работи за истата личност
Клои Вотерс често објавува видеа на нејзиниот профил на TikTok кои покажуваат колку голема може да биде разликата помеѓу лице со шминка и лице без шминка. Таа толку вешто ѓминка што луѓето тешко препознаваат дека се работи за истата личност.
Една таква снимка предизвика лавина од коментари. Во еден момент, косата на Клои е врзана, без шминка и уморен израз на лицето. Во следниот изгледа како поинаква личност – целосно е нашминкана, лицето и е затегнато, изгледа многу помладо и посвежо.
@chloewaterz Makeup superpowers #makeup #makeuptutorial #makeuptransformation ♬ BILLIE EILISH. – Armani White
Многу луѓе беа зачудени, па можело да се прочитаат многу коментари дека не се работи за истата личност.
Сепак, ова видео само покажува дека некој кој вешто користи шминка може да го промени својот изглед на таков начин што речиси и да не личат на себе.
Фото: Принтскрин/TikTok