(ВИДЕО+ФОТО) Заработува 38. милиони долари од YouTube: „Не е фер. Се чувствувам како да мамам“

МАРК ФИШБАХ, попознат како Markiplier, има повеќе од 33. милиони претплатници на неговиот канал на YouTube, што годишно му носи околу 38. милиони долари. Markiplier е еден од најбогатите јутјубери во светот, а неодамна беше гостин во подкастот на Логан Пол каде зборуваше за своето богатство.


„Заработувам непристојна сума пари и тоа ми се чини неправедно. Чувствувам дека го изневерувам системот кога заработувам толку, а сè што сакам да направам е да создадам содржина што ќе ги инспирира другите да го прават истото. Но, не можам да кажам дека парите ми пречат затоа што тоа би било лицемерно“, рекол Фишбах, додавајќи:
„Навистина е глупаво што имам толку многу што можам да си дозволам се што ќе ми текне. Затоа давам многу пари на оние на кои им треба и на пријателите кои би сакал да ги покренам и да им помогнам да успеат во животот”.

View this post on Instagram

A post shared by Markiplier (@markiplier)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ги краси харизма и шарм: На мажите родени во овие знаци е тешко да им се одолее

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …