ШОКАНТНИ сцени биле забележани во бриселското метро, каде млад човек намерно турнал жена на шините додека возот влегувал во станицата, но за среќа машиновозачот во последната секунда успеал да го запре возот.
Жената била турната на шините на станицата Роџер кога метрото влегувало во станицата, но набрзина и помогнале случајни минувачи, потврдиле од бриселската компанија за јавен превоз СТИБ, која управува со метрото во главниот град.
– Возачот реагираше многу добро, но тој е многу шокиран, како и жртвата – изјавил за Brussels Times Гај Саблон, портпарол на STIB.
Операторот на метрото, наводно, видел лице на шините и навреме застанал со влечење на сопирачката за итни случаи, како што може да се види на снимката од безбедносните камери.
На видеото се гледа како насилникот, млад човек, оди напред-назад по платформата, а потоа ненадејно ја турка жената на шините. Други луѓе кои стоеле на платформата и помогнале на жената да се тргне од шините и да се врати на платформата.
На местото на настанот веднаш била повикана полиција и брза помош. Повредената и возачот на метрото се префрлени во болница, а по укажаната неопходна нега на двајцата им било дозволено да се вратат дома.
Woman pushed under wheels of subway train in Brussels. Train driver managed to stop just in time.
Suspect – a 23yo French citizen – detained. Motives as yet unknown. pic.twitter.com/Zl3N4rMeRE
— RT (@RT_com) January 16, 2022
Инцидентот довел до прекин на сообраќајот на метрото помеѓу станиците Елизабет и Артс-Лои до 20:15 часот.
Фото: Принтскрин/YouTube